Изложба на дела од третата Детска ликовна школа „Вевчански видувања 2024“

Изложба на дела од третата Детска ликовна школа „Вевчански видувања 2024“, која ќе се одржи на 14 јули, во 19 часот, во Мултикултурниот центар “Коста Србакоски”- Вевчани.
Покрај учеството на познати сликари, и оваа година колонијата реализира посебен настан: околу 60 млади талентирани дечиња земаа учество на „Детска ликовна школа“, која ќе поттикне креативност и уметничко изразување кај нив. Во соработка со Амбасадата на САД во Македонија успеавме да реализираме еден проект  што придонесе нашите ученици да имаат можност на неколку работилници да работат со истакната професорка од Универзитетот за уметност во Минесота- Робин Шварцман. Исто така, заедно со училиштето за сликање од Битола АДАМС АРТ и наставничката Анкица Стеваноска реализиравме неколку работилници што резултираше со прекрасни дела кои ќе имате можност да ги погледнете до 06 август во МКЦ-Вевчани.
Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ изминатите 13 години прерасна во значаен културен настан кој поттикнува креативност, соработка и културна размена. И оваа година колонијата во соработка со АД “Шпаркасе Банка”- Македонија реализирасе проект со кој млади студенти и новодипломирани сликари, кои имаа уникатна можност да работат заедно со утврдени уметници и да стекнат непроценливо искуство. Едукативниот карактер на колонијата од година во година расте и се развива во различни правци.
Повелете, секој работен ден во МКЦ-Вевчани од 10- 18ч погледнете ја Изложбата на дела од Третата по ред  Детска ликовна школа “Вевчански видувања 2024”.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани