Во Вевчани промовирана монографијата „Светите Спасе Вевчански и Спаса Вишенска“

На годинешната 15-та по ред  манифестација Вевчанско културно лето ВЕВКУЛ 24  која се одржува под мотото „80 години од ослободувањето на Република Македонија ( 1944 – 2024 ) и 80 години слободно Вевчани“. Манифестацијата свечено беше отворена во духовниот храм – црквата Св.Никола во Вевчани со промоцијата на книгата – монографија „Свети исповедници и праведни Спасе Вевчански и Спаса Вишенска“ од авторите проф. д-р Виктор Недески и ставрофорен протопрезвитер Александар Димоски.

Во воведната реч на промоцијата носителот на програмата Мишо Китаноски, меѓудругото истакна дека со канонизцијата и пргласувањето на Спасе Вевчански за светец Вевчани покрај Охрид и Кратово, се вбројува во населбите во презимињата на градовите се содржни и имињата на светците Св.Климент-Охридски и Св.Ѓорѓи – Кратовски. Сега Вевчани е содржано во презимето Св.Спас – Вевчански, на населбата како духовно и трајно светилиште.

Промотор на на ова многу значајна монографија за Вевчани и Вишни беше проф.д-р. Павле Митрески, а пото се обратија и авторите проф. Д-р Виктор Недески и ставрофорен протопрезвитер Александар Димоски. Поздрвна реч имаше и свештеникот Ромео Петрски кој служи во црквата Св.Никола во Вевчани. Додека пак фрагмент од книгата читаше Симе Кукоски, од Вевчани студен на факултетот за Богословија во Скопје.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани