Објавен јавен оглас за вршење општински линиски превоз за релација Охрид-с.Горно Лакочереј-Охрид –линија 1 / 2 .
Услови:
2.Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за
вршење на линискиот превоз:
1) Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има
регистрирано приоритетна дејност- вршење на превоз на патници во патниот
сообраќај;
2) да е сопственик на минимум две регистрирани возила за превоз или да има
договор за лизинг за возила, со најмалку 16+1 седиште и дополнителен простор
за стоење, со исполнети посебни техничко-експлоатациони услови пропишани
за возила за вршење на одделни видови на превоз и за истите да поседува извод
од лиценца за вршење општински линиски превоз;
3) Да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на
моторните возила, минимум еден возач по возило што ги исполнуваат
условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
4) Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за
професионална компетентност и
5) Да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот,
стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.
Повеќе за јавниот оглас тука
