И Струга го одбележа Денот на востанието

11 Октомври Денот на востанието на Република Македонија, одбележан со повеќе свеченост.

Делегација од Сојузот на борци, предводени од претседателот Ајредин Мемеди, од општина Струга, делегација од Здружението на пензионери Струга предводена од претседателот, делегации од општинските политички партии на ВМРО, СДСМ, и останати претставници од јавниот живот, здруженија на граѓани, подржувачите и почитувачите на на делот на Јосип Броз Тито, и ученици и од основните училишта од градот, положија свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата во центарот на градот, на споменичното обележје каде на една мермерна плоча се изгравирани мислите: Револуцијата е како рекана: Тече без прекин од врутоците на минатото до утоката на безбрижната иднинаи, течејќи, го напојува животот со живот. Слава и чест на воините на нашата Револуција низ поколенија во вечнини.

Претседарелот Ајредин Мемеди, по повод празникот на востание 11 Октомври, ги поздрави присутните. Кој истакна дека ова година се одбележува 83 години од востанието на Македонија.

11 Октомври 1941 година: Во Прилеп, борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Овој напад се смета за почеток на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а за конечно ослободување на земјата.

Го прославуваме Денот кога, во големата 1941 го поведовме крвавото оро на четиригодишното оружено војување по овие наши родни, македонски полиња и планини, во еден братски и нераскилив борбен строј со сите останати народи народности на Југославија. Против еден и ист, заеднички непријател, истакана претседателот Мемеди во своето кратко обраќање.

Свеченоста продолжи во просториите на боречката организација, каде што претседателот Ајредин Мемеди изврши прием.

ТЕКСТ И ФОТО: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани