Во пријатна атмосфера со голем број клиенти Нуга Бест Охрид го прослави јубилејниот петти роденден.
За клиентите изненадувања, промотивни и бесплатни третмани, како и попусти на ваучери, но секако и вкусна торта.
Салонот е дел од светска Nuga Medical компанијата, која осми пат по ред е прогласена за бренд број 1 во областа алтернативната медицина. Распространета е во над 150 земји во светот и брои 5.500 центри, во Охрид е присутна јубилејни пет години.
Марина Златеска, менаџерот на „Нуга Бест“ Охрид, вели најголемиот успех за неа се сведоштвата на задоволните клиенти.
-Пет години многу труд и напорна работа, но задоволните клиенти се нашата енергија. Нашиот приоритет е превенција, здрав животен стил, но секако и третирање на сите здравствени проблеми со помош на нашите врвни медицински производи на Nuga Medical компанијата. Мора да признам дека сум горда на успешните третмани, на илјадниците задоволни клиенти. Нивната насмевка и благодарност се нашиот поттик и во иднина да продолжиме со исто темпо. Постоиме за Вас. Здравјето нема цена, вели Златеска.
Роденденските попусти и промоции траат до 17 февруари.
ФОТОГАЛЕРИЈА













