Полово вознемирувал малолетнички на улица.
На 05.04.2025 година во 23.11 часот во СВР Охрид е пријавено дека едно лице на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид околу 18,00 часот им пришол на две малолетнички, и преку разни гестикулации почнал полово да ги вознемирува. По превземени мерки во врска со настанот лишено од слобода е лицето М.Ѓ. (22) од Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
По настанот се случила и физичка пресметка.
– На 05.04.2025 година во 20.54 часот во СВР Охрид било пријавено нарушување на ЈРМ на улицата „Булевар Туристичка“ при што било констатирано дека се работи за физичка пресметка меѓу Ф.Д. (42) од Охрид и М.Ѓ. (22), а по претходна вербална расправија околу настан во кој М.Ѓ. ја вознемирувал малолетната ќерка на Ф.Д. Се работи на целосно расчистување на случајот.
