Во Четврток, 10 јули 2025 20:00 часот во Дом на култура во Вевчани ќе се одигра театарска претстава „Чиста куќа“.
Влез: Слободен
Во рамки на Вевчанско Лето 2025, со големо задоволство Ве покануваме на претставата „Чиста куќа“, во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
Оваа современа комедија, дело на славната американска авторка Сара Рул, раскажува приказна за млада Бразилка која сонува да биде стендап комичарка, но животот ја води до позиција на домашна помошничка во домот на успешен брачен пар. Преку духовит и понекогаш горчлив хумор, „Чиста куќа“ го истражува судирот помеѓу редот и нередот, работата и страста, личниот избор и очекувањата на општеството.
Комедија што чисти повеќе од куќата – ја чисти душата. Не ја пропуштајте.
