Распоред на богослужби по повод Богојавление – Водици во Охрид

Со богата духовна и културна програма, Охрид ќе го одбележи празникот Богојавление – Водици на 19 и 20 јануари.

Во понеделник, 19 јануари, ќе се одржат богослужби во сите парохиски цркви во Охрид. Централната архиерејска литургија ќе биде во Каменско, каде во 07:00 часот ќе започне утрената богослужба, а во 08:15 часот ќе се служи Света Литургија. Во 09:45 часот ќе тргне литијата кон градското пристаниште, а во 10:00 часот ќе се одржи Големиот Богојавленски водосвет и ќе биде спуштен Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Во рамки на празничната програма, од 09:00 до 15:00 часот во Домот на култура „Григор Прличев“ ќе се одржи крводарителска акција, а во 12:00 часот на месноста Сараиште ќе следи групно крштевање.

Одбележувањето продолжува во вторник, 20 јануари – Денот на рибарите. Во 09:00 часот ќе се служи архиерејска литургија во храмот „Св. Јован Богослов – Канео“, а од 12:00 часот на Сараиште ќе се одржи пригодна програма со настап на Охридскиот музички еснаф.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани