PET пластиката е најлесната пластика за рециклирање и единствената пластична амбалажа што може целосно да се рециклира. Лесно е препознатлива по своето уникатно лого, а со правилна селекција овој материјал може речиси бесконечно да се користи за производство на нова пластика.
Рециклирањето на PET амбалажата има значајно влијание врз заштитата на животната средина. Со нејзина преработка, емисиите на CO₂ во атмосферата се намалуваат за дури 90 отсто во споредба со производството на нова пластика.
Доколку, пак, PET пластиката заврши на депонија, за нејзиното распаѓање се потребни од 400 до 1.000 години. Наместо целосно да се разгради, таа се распаѓа на микропластика која преку почвата и водата лесно влегува во синџирот на исхрана, при што се ослободуваат и штетни хемикалии опасни по здравјето на луѓето.
Оваа едукативна содржина е дел од кампањата „Чисто а убаво“, која има за цел да ја подигне свеста за правилно селектирање на отпадот и заштита на животната средина.
Отпадот е прашање што нѐ засега сите.
Селектирај правилно – Чисто а убаво!
