СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(40) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“ по член 123 од Кривичниот законик.
Според пријавата, на 30 декември 2025 година, околу 01 часот, на локален пат во близина на струшкото село Ливада, осомничениот со огнено оружје – пиштол, пукал кон паркиран автомобил „Голф“. При тоа, на возачот Џ.Д.П.(40) од Охрид му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
По пукањето, со закани кон сопатничката во возилото, осомничениот ја принудил да влезе во неговиот автомобил.
