На 16-от Интернационален онлајн Бреинобреин–абакус натпревар, кој се одржа на 24 јануари 2026 година, 20 ученици од Бреинобреин – Црвен крст Охрид постигнаа исклучителен успех на светско ниво.
Во конкуренција од 23.912 учесници од 79 земји, младите бреинобреин таленти од Охрид освоија вкупно 20 награди – 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали, потврдувајќи дека се меѓу најдобрите во светот.
Овој успех, како што велат од Центарот, е резултат на посветената и упорна работа на децата, професионалната ангажираност на тренерите, како и континуираната поддршка од родителите.
„Интернационално мерливите резултати уште еднаш потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. Овој успех е доказ дека одиме по вистинскиот пат со имплементацијата на Бреинобреин програмата“, информираат од Бреинобреин – Црвен крст Охрид.
Од Центарот потенцираат дека програмата е фокусирана на подобрување на развојните резултати кај децата, преку креирање поттикнувачка средина за учење, градење мотивација, самодоверба, знаења, вештини и чувство на социјална одговорност.
