Игнорирал забрана за возење – остана без автомобил

На 02.02.2026 година во 21:25 часот, при контрола во патниот сообраќај на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид запреле патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.С. (32) од Охрид.

При контролата било констатирано дека возачот управувал возило и покрај изречена заштитна мерка – забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од три месеци. По добиени насоки од јавен обвинител, полициските службеници го одзеле возилото и возачките документи, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

ФОТО Илустрација

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани