Одземени две возила по сообраќајка на ул. „АСНОМ“, возачи под дејство на алкохол и со забрани

На 04.02.2026 година во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила – „фолксваген амарок“, „ланчија“ и „мерцедес“, сите со охридски регистарски ознаки.

Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило ‘фолксваген амарок’ управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило ‘ланчија’ управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило ‘мерцедес’ управувано од П.Н. (35) од Охрид. По преземени мерки е констатирано дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му се измерени 0,71 промили алкохол во крвта, а истиот има и три забрани за управување со моторно возило од ‘Б’ категорија“, информираат од СВР Охрид.

Од таму додаваат дека и вториот возач, Ј.П., имал една активна забрана за управување со моторно возило од ‘Б’ категорија.

Известен е јавен обвинител, по чии насоки возилата на В.В.М. и Ј.П. се одземени, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – ‘безобѕирно управување со возило’“, соопштуваат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани