Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија, информираат од СВР Охрид.
Во рамки на вежбовните активности е предвидена употреба на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства.
Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија на подрачјето на Охрид и Струга е дел од вежбата „BEL-SOF Exercise 26“, која ќе биде спроведена и на други локации низ земјава.
Од СВР Охрид апелираат до граѓаните на Охрид и Струга да ги почитуваат насоките на полициските и армиските службеници кои ќе се грижат за безбедноста на целокупното подрачје.
