Агресивно однесување кон медицински персонал во Струга, едно лице приведено

На 08.02.2026 година во 01:40 часот, во Општата болница во Струга приведен е М.А. (59) од струшкото село Делогожда, информираат од полицијата.

Според информациите, тој претходно со викање и агресивно однесување кон медицинските лица го нарушил јавниот ред и мир и ја загрозил нивната сигурност.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани