20-годишник од Франгово возел без возачка дозвола

На 08.02.2026 година во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље–Струга, од слобода е лишен А.З. (20) од струшкото село Франгово, информираат од полицијата.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Поло“ со струшки регистарски ознаки, при што било утврдено дека 20-годишникот го управувал возилото без положен возачки испит.

По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ФОТО Илустрација

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани