Товарен „Мерцедес“ зафатен од пожар во Струга

На 09.02.2025 година во 08:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во кругот на деловен објект во Струга избувнал пожар во товарно моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки.

Возилото е сопственост на правен субјект од Охрид.

Во настанот нема повредени лица, а на терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, која го локализирала пожарот.

Надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за избувнување на огнот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани