Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани, оствари средба со генералниот конзул на Република Косово во Македонија, Агим Красниќи.
Средбата поминала во пријателска и конструктивна атмосфера, при што градоначалникот го запознал конзулот со карактеристиките на општината, нејзините природни потенцијали, богатото културно наследство, како и со развојните проекти што во моментов се реализираат.
Од Општина Вевчани информираат дека на средбата биле разгледани можностите за продлабочување на соработката, особено во делот на туризмот, културата и локалниот економски развој.
Оваа дипломатска средба претставува чекор кон зајакнување на меѓуопштинските и регионалните врски, како и можност за нови иницијативи од заемен интерес.
