75-годишен жител на струшкото село Ливада го загуби животот утрово на магистралниот пат Подмоље – Струга, откако во него удрило товарно возило.
Според информациите од полицијата, на 16.02.2026 година во 06:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат Подмоље – Струга, товарно возило „ман“, управувано од А.А. (52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д. (75) од селото Ливада.
Од здобиените повреди, пешакот починал на местото на несреќата.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош во Струга.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Струга.
Претходно, во 06:05 часот, било пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во селото Мислешево и дека имал здравствени проблеми.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.
