Ќе се одбележи Денот на ретките болести

Здружението на граѓани со ретки болести „Ретко е да си редок“ – Охрид, во сабота на 28 февруари 2026 година ќе го одбележи Денот на ретките болести со свечен настан во Охрид Мол, со почеток во 12 часот.

Под мотото „Реткоста е сила, а заедништвото е нашата најголема моќ“, организаторите најавуваат богата програма исполнета со музика, танц и креативни активности, посветена на лицата со ретки дијагнози.

Во рамки на програмата ќе настапат децата од фестивалот „Распеано рибарче“, малите балерини од студиото за танц „Соната“, како и охридските детски хорови „Бамбино“ и „Гердан од бисери“.

Централна активност на настанот ќе биде заедничка креативна акција, при што присутните ќе можат да остават отпечаток од својата дланка на голем банер како симбол на поддршка, љубов и прифаќање.

Со овој настан, организаторите имаат за цел да ја подигнат свеста за ретките болести и да испратат порака за солидарност и заедништво во заедницата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани