Започнува реализацијата на проектот за воспоставување Младински културен центар во Охрид, како дел од стратешките заложби за развој на одржливи младински политики во општината.
Во таа насока, Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид, финансирана од Општина Охрид, распиша анонимен, национален, едностепен конкурс за изработка на идејно архитектонско решение.
Конкурсот се однесува на реконструкција и адаптација на постоечки објект – мензата на поранешната касарна – во современ и функционален Младински културен центар.
Целта е избор на најквалитетно архитектонско решение кое ќе овозможи создавање современ, инспиративен и репрезентативен простор наменет за младите во градот.
Од организаторите ги повикуваат архитектите и архитектонските тимови да се вклучат во процесот и да придонесат во креирањето нов центар на младинската енергија во Охрид.
Повеќе информации за условите и роковите на конкурсот се достапни на официјалната веб-страница: mco.mk.
