За година и пол долгот на Општата болница во Охрид е намален за еден милион евра. Најголемиот дел од обврските се однесувале на набавки на медицински материјали и лекови, кои се меѓу најголемите трошоци во работењето на здравствените установи.
„Точно пред година и пол долгот беше 170 милиони денари нормално неможе точно да се каже затоа што секогаш има тековни фактури и трошоци кои пристигнуваат. Во овој момент долгот изнесува 110 милиони денари. Или отприлика е намален за за 1 милион евра према побарувачите. Долговите пред се се кон фармацевстките компании према тие основни јавни набавки без кои болницата не би можела да фунцкионира“ вели д-р Горан Маркоски директор на Охридската болница.
Од Фондот за здравствено осигурување велат дека постепено се подобрува ликвидноста на болниците, а на ниво на држава вкупниот долг на јавните здравствени установи моментално е под пет милијарди денари. Сепак, институциите внимателно ја следат состојбата, бидејќи и понатаму се регистрираат одредени неправилности и недоследности во работењето на дел од здравствените установи.
„Имаме и санкционирани. Во Општата болница во Прилеп има кривични пријави, обвинителни акти и притвори за десеттина лица за злоупотреби на благајната и лажни набавки на услуги“, вели Клекоски.
Болниицте се дават во долгови по разни основи, но има и од судски спорови по основ неисплатени надоместоци за работа, јубилејни награди и слично.
