Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид–Кичево, жена тешко повредена

На 17.03.2026 година во 22:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.К.(25) од селото Мороишта, струшко и патничко возило „форд“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 40-годишната С.Ш. од селото Мислешево, струшко.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила С.Ш., додека нејзиниот 41-годишен сопатник Д.С. од истото село се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани