Утреверниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот го одбележуваат големиот верски празник Рамазан Бајрам, со кој завршува едномесечниот пост Рамазан.
Бајрам претставува време на радост, меѓусебно почитување и дарување, кога верниците ги отвораат вратите на своите домови, се посетуваат со најблиските и споделуваат трпеза со традиционални јадења. Празникот има и силна хуманитарна димензија, со акцент на помагање на сиромашните и ранливите категории граѓани.
Според законските одредби, првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед.
Многумина го користат периодот за семејни собири, патувања или одмор.
Рамазан Бајрам потсетува на вредностите на солидарноста, хуманоста и заедништвото – вредности кои се особено значајни во денешното време.
