Се уредува патот до споменикот во Српница

Со ангажирање на тешка механизација, Општина Дебрца денеска започна со уредување и расчистување на патот до споменикот во Српница.

Во рамки на активностите е извршено чистење на крајпатната вегетација, како и рамнење на патната траса, со цел подобрување на пристапноста и безбедноста за граѓаните.

Според информациите на градоначалникот Златко Силјаноски, зафатите опфаќаат делница во должина од околу 6 километри, каде веќе се забележливи првичните резултати од интервенцијата на терен.

„Продолжуваме со активности за подобрување на инфраструктурата во општина Дебрца“, истакна Силјаноски.

Со ваквите активности локалната самоуправа најавува континуирани вложувања во руралната патна мрежа и пристапот до значајни локалитети.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани