Дебрца се отвора кон регионот: Ново партнерство за културен развој

Дебрца се поврзува: Потпишан Меморандум за соработка со општини од Албанија и музеј од Струга

Општина Дебрца прави нов чекор кон зајакнување на регионалната соработка и културниот развој. Градоначалникот Златко Сиљаноски информира дека во Општина Корча, Република Албанија, е потпишан значаен Меморандум за соработка.

Меморандумот е склучен со Општина Колоња и Музејот „д-р Никола Незлобински“ од Струга, со цел заедничко аплицирање за проект во рамки на ИПА 3 програмата.

„Со заедничка проектна документација и партнерски пристап, ќе аплицираме за проект со цел да придонесеме кон унапредување на културниот развој на Општина Дебрца“, информира Сиљаноски.

Оваа иницијатива, како што посочува градоначалникот, претставува важен чекор кон афирмација на културното наследство и создавање нови можности за развој и размена на искуства во регионот.

„Верувам дека преку вакви иницијативи ќе создадеме нови можности за развој, размена на искуства и збогатување на културниот живот за сите наши граѓани“, додава Сиљаноски.

Од Општина Дебрца најавуваат дека ќе продолжат со активности насочени кон унапредување на локалниот развој и јакнење на меѓународната соработка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани