Приведен странски државјанин со фалсификувана исправа

На 30.03.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид, во содејство со Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад, по претходно издадена судска наредба, го лишиле од слобода Ш.В.(40) од САД, со привремен престој во Охрид.

Лицето се сомничи дека сторило кривично дело по член 378 од Кривичниот законик, дело поврзано со фалсифување 

Од надлежните органи му е изречена мерка притвор во траење до 30 дена, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат понатамошни постапки согласно закон.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани