УКИНАТА ЗАБРАНАТА: Водата од четирите чешми во Охрид повторно безбедна за пиење

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес ја укина забраната за пиење вода од четири артериски чешми во Охрид, лоцирани на булевар „Туристичка“, во дворот на ОУ „Григор Прличев“, Билјанина чешма во населба Воска и чешмата во градскиот пазар (до месарницата).

Одлуката е донесена врз основа на резултатите од повторените лабораториски тестирања, извршени од Центарот за јавно здравје Охрид, со кои е потврдено дека примероците ги задоволуваат физичко-хемиските и микробиолошките критериуми за безбедност.

Забраната за употреба беше изречена на 17 март, поради утврдена бактериолошка загаденост. По изречената мерка, од Центарот за јавно здравје беа земени нови мостри вода од сите четири чешми.

Најновите резултати потврдуваат дека водата повторно е безбедна за пиење.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани