Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати велигденска честитка до Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски, Георгиј, како и до сите православни верници.
Во честитката, Пецаков истакнува дека Велигден е „празник над празниците“, симбол на победата на животот над смртта и вечната надеж. Тој упати поздрав „Христос Воскресна!“ и посака крепко здравје, долгодејствие и истрајност во архипастирската служба на митрополитот Георгиј.
„Нека благодатта на Воскреснатиот Господ се всели во вашите домови и срца. Нека овој празник биде поттик за духовно преобразување и смирение“, се наведува во честитката.
Градоначалникот им посака на граѓаните радост, мир и надеж, истакнувајќи дека светлината на Христовото Воскресение треба да го осветлува секој чекор и да донесе утеха и сила во секојдневието.
Честитката ја завршува со традиционалниот поздрав: „Христос Воскресна! Навистина Воскресна!“, посакувајќи им на верниците многу здравје и благословени години.
