Велика сабота верниците во исчекување на радосната вест

Велика Сабота  е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во грбот и неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посведочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј симбол е празнувањето на саботниот ден и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото Воскресение, денот кој сите Христијани со желба го исчекуваат – Велигден.

Воскресението Христово е Празник над празниците, Торжество над торжествата и Слава на Бога Воскреснатиот. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.

Без верување во Христовото воскресение не е можно да се верува во Христа како Спасител. Со еден збор: не е можно Христијанството; не е можно да се биде Христијанин. Затоа Апостолот Павле одлучно и јасно изјавува: „Ако Христос не воскресна, празна е нашата проповед, празна е и вашата вера”. Сè е изгубено, сè е пропаднато, ако Христос не воскресна – вели св. Златоуст, објаснувајќи ги овие апостолски зборови.

Без Христовото воскресение – сè е привид: и Христос, и сите негови дела, и севкупното Негово учење. Затоа и самиот Спасител уште за врeме на своето живеење на земјата укажуваше на своето воскресение како на настан кој ќе ја објасни и неговата Личност и Неговото дело. Така по своето Преображение Спасителот на своите ученици им заповеда никому да не му кажуваат шта виделе додека Тој да стане од мртвите. Зашто, дури во светлината на Воскресението станува јасен и настанот на Преображението, и целиот живот на Богочовекот и севкупното Негово учење, затоа што дури со своето воскресение од мртвите Исус неспорно и сеубедливо посведочи дека Тој навистина е Бог и Син Божји.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани