Ја тепал сопругаа во бракоразводна постапка

На 13.04.2026 година, полициски службеници лишиле од слобода 33-годишен охриѓанец, постапувајќи по пријава за семејно насилство.

Според информациите, пријавата ја поднела неговата 24-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. Таа пријавила дека во текот на ноќта меѓу 12 и 13 април, осомничениот насилно ѝ го одзел мобилниот телефон, по што физички ја нападнал.

Како што се наведува, тој ја принудил да влезе во неговото возило, каде продолжил со насилството и ѝ нанел телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани