Малолетничка од БиХ во притвор: Крадела паричници од туристи

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Босна и Херцеговина за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, казниво по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

Според информациите, на 24.04.2026 година на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, малолетничката заедно со уште неколку лица извршила повеќе кражби на паричници од туристи.

На осомничената ѝ е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани