Показна вежба за евакуација и спасување во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид

Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Црвен крст Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС и ЦУК, вчера (04.05.2026) во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид беше спроведена показна вежба за евакуација и спасување, согласно соодветно сценарио за настаната несреќа.

Целта на вежбата беше подигнување на нивото на подготвеност и координација на надлежните институции за навремено, соодветно и ефикасно делување во случај на несреќи.

Воедно, преку вежбата се изврши ажурирање и практично увежбување на Оперативните планови за заштита и спасување, како и на плановите за евакуација во образовните установи, со посебен акцент на координираното делување на тимовите од надлежните институции при справување со кризни ситуации.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани