На 07.05.2026 во 21:40 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ѓ.(36) од Белчишта.
Како што информира полицијата, приведувањето било извршено по претходна пријава од С.Т.(58) од Охрид, кој пријавил дека околу 21:16 часот во семејниот дом А.Ѓ. го туркал и упатувал закани кон него и неговиот зет за ќерка.
При извршените проверки било констатирано дека А.Ѓ. бил под дејство на алкохол, односно имал 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
