Семејството на 14-годишниот Марко Цолески упати апел до хуманите граѓани за помош и поддршка во неговата тешка битка со болеста.
Марко боледува од тумор на желудникот, а дополнително се соочува и со епилепсија и апнеа од висок степен. Поради сериозната здравствена состојба, неговото лекување продолжува во Турција.
По примена на една терапија и извршените лекарски контроли, докторите препорачале Марко повторно да замине во Турција за да прими уште една терапија, од која семејството и лекарите имаат голема надеж.
За продолжување на лекувањето потребни се уште 4.000 евра.
„Ве замолуваме да споделите и доколку сте во можност да донирате за Марко“, апелира семејството.
Граѓаните можат да помогнат преку донација на следните броеви и сметки:
📞 Броеви за донација:
A1 VIP: 143 482
Телеком: 143 109
🏦 Донациски сметки:
Марко Цолески – Халк Банка
270700122675849
Марко Цолески – НЛБ Банка
210501786673895
