Во Вевчани се спроведуваат активности за ларвицидна дезинсекција на повеќе локации, со цел намалување на појавата на комарци. Екипите работат на терен во близина на водни површини и каналски системи
Градоначалник на Вевчани, информира дека во текот на вчерашниот ден во атарот на Вевчани е извршена ларвицидна дезинсекција – третман на стоечки водни површини со ларвицид, со цел уништување на ларвите од комарци.
Третманот е спроведен на неколку локации и тоа: Јанкив Камен, Пречистителната станица, Вевчанските Извори и по течението на Вевчанска Река.
Истовремено, истиот ден била реализирана и дератизација на канализациониот систем, при што се третирани вкупно 30 шахти против глодари.
