Од утре, 19-ти мај, Охрид ќе биде домаќин на еден од највозбудливите гастрономски настани годинава. Во организација на мрежата на Слоу Фуд (Slow Food) во Македонија, во градот пристигнува светскиот патник и кулинарски виртуоз, Шеф Филип Ондрушек.
Ондрушек, кој во својата богата кариера готвел во престижни ресторани со Michelin ѕвезди и подготвувал специјалитети за кралски семејства, денес е предводник на движењето за одржлива гастрономија. Неговата посета на Македонија е посветена на откривањето на автентичните македонски производи и промоција на концептот „Zero-Waste“ (кујна без отпад).
Програмата во Охрид (19 – 22 мај) вклучува:
Истражување на локалните ризници: Шеф Ондрушек ќе го посети Зелениот пазар во Охрид, каде ќе се запознае со локалните производители и автохтоните намирници.
Едукација и Мастерклас: На Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) – Охрид, студентите и професионалците ќе имаат уникатна можност да учат за современите техники на готвење и одржливоста во угостителството.
Панел-дискусија: Во Винаријата „Манастир“ ќе се дебатира за иднината на зеленото угостителство и потенцијалот на македонската гастрономија.
Гала Fine Dining вечера: Како круна на престојот, во ресторанот „Кај Каневче“ (Bavča Kaneo), Шеф Филип ќе подготви ексклузивно мени инспирирано токму од охридските и македонските вкусови.
„Иднината на кујната е во балансот помеѓу традицијата и иновацијата. Македонија има неверојатно богатство од вкусови кои заслужуваат да бидат претставени на светската сцена,“ вели Ондрушек пред својот почеток во Охрид.
Настанот е поддржан од Секторот за култура при Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство, како и бројни локални партнери кои веруваат во моќта на локалната храна и одржливиот развој.
Ги покануваме сите љубители на добрата храна и професионалци од секторот да го следат ова гастрономско патување кое го слави најдоброто од нашата земја.
