Со молитва за здравје и бериќет одбележан Св. Атанасиј во Белчишта

Во пресрет на празникот Св. Атанасиј – славата на Белчишта, денес пред општинската зграда свечено беа пречекани „Крстите“, во духот на вековната традиција и православните обичаи.

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, информираше дека со заедничка молитва и благослов било побарано здравје, мир и бериќет за сите жители.

„Да си ја чуваме и негуваме традицијата што ни ја оставиле старите. Со верба во Бога, за многу години нека е празникот и за здравје во секој дом“, порача Сиљаноски.

Жителите на Белчишта и годинава со почит кон традицијата го одбележуваат празникот Св. Атанасиј, кој претставува значаен духовен и културен симбол за селото и регионот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани