Општина Дебрца набавува нови канти за отпад- инвестиција од 900 илјади денари

Општина Дебрца продолжува со инвестициите во почиста и поздрава животна средина. Градоначалникот Златко Сиљаноски информираше дека е потпишан договор за реализација на нов проект за набавка на нови канти за комунален отпад.

Проектот се реализира во соработка со Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а вредноста на инвестицијата изнесува 900.000 денари.

„Секој чекор кон подобро управување со отпадот е чекор кон поубава и поздрава иднина за сите нас“, порача Сиљаноски.

Од Општината посочуваат дека со оваа инвестиција ќе се подобри комуналната хигиена и условите за жителите во населените места низ Дебрца.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани