Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид се одржа завршен коктел во рамките на Проектот за заживување на наставата по француски јазик, со кој беше заокружена практичната работилница посветена на француската гастрономија и култура.
Учениците работеа заедно со гостите од Франција – шеф Кристоф и шеф Лор, како и со проф. Климент Наумов од Факултетот за туризам и угостителство и професорите од училиштето. Во текот на работилницата беа подготвувани различни коктел-залчиња, преку кои учениците ги унапредија своите практични вештини.
На настанот присуствуваа и професори од Турција, кои придонесоа за меѓународна и пријателска атмосфера. Од училиштето посочуваат дека проектот претставува значајна можност за размена на знаења, искуства и добри практики, со поддршка од Француската амбасада и Францускиот институт.





