На 4 јуни 2026 година во 14:35 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на влезот од аеродромската зграда на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, едно лице физички го нападнало И.М. (38) од Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Наслов: Физички напад на влезот од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“
