Општина Охрид распиша конкурс за најдобар расказ во чест на Живко Чинго

Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за избор на најдобар расказ, кој традиционално се организира во рамки на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на еден од најзначајните македонски раскажувачи и книжевници.

Право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија со свој авторски расказ. Трудовите треба да бидат доставени во печатена форма, во три примероци и под шифра, без лични податоци за авторот.

Пријавите се доставуваат до Општина Охрид, на адреса улица „Димитар Влахов“ број 57, со назнака „За конкурсот за расказ“, додека авторството се докажува со посебен примерок од трудот.

Крајниот рок за доставување на расказите е 6 јули 2026 година, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 31 јули 2026 година.

За најдобриот расказ е предвидена парична награда во износ од 30.000 денари. Наградата ќе биде врачена во рамки на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“, која традиционално се одржува во Велгошти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани