Две лица се приведени откако на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид нападнале и навредувале полициски службеници.
Од СВР Охрид информираат дека во 16:40 часот од слобода е лишен 26-годишниот Е.С. од Струга, кој претходно физички нападнал полициски службеник.
Во врска со истиот настан, приведен е и 28-годишниот Б.К. од Охрид, кој бил заедно со него и упатувал навреди кон полицајците, при што не ги почитувал нивните наредби.
По документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.
