Во рамки на манифестацијата „Вевчанско лето 2026“, во Вевчани се одржа промоцијата на збирката раскази „Мрачни импулси“ од авторот Јордан Коцевски.
За книгата говореше промоторот Тони Попов, а на книжевната вечер присуствуваа бројни љубители на литературата, кои имаа можност да се запознаат со најновото дело на Коцевски и да разговараат со авторот.
Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, истакна дека програмата на „Вевчанско лето 2026“ продолжува со разновидни културни содржини, со кои се збогатува летниот културен живот во општината и се афирмираат домашните автори и уметници.

Промоцијата на „Мрачни импулси“ е втора програмска содржина во рамки на годинашното издание на „Вевчанско лето“, кое беше свечено отворено со Фестивалот на зурлата и тапанот. Манифестацијата се одржува по повод 30 години од формирањето на Општина Вевчани, а во текот на летото ќе понуди повеќе културни, музички и уметнички настани наменети за жителите и посетителите.
