Во Мултикултурниот центар во Вевчани синоќа беше отворена изложбата „Синилото на Вевчанските Извори“, на која се претставени дела создадени на креативните работилници за цијанотипија.
Работилниците беа реализирани во соработка со Еко-свест Вевчани и „Зрно“ – Фестивал на фотографијата, а изложбата ги спојува природата, уметноста и младешката креативност.
Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, упати благодарност до сите учесници и партнери кои придонеле за реализацијата на изложбата.
„Им благодариме на сите учесници и партнери што придонесоа оваа изложба да ја спои природата, уметноста и младешката креативност“, истакна Кочовски.
Изложбата ќе биде отворена за посетители до 14 август 2026 година и може да се разгледа на вториот кат од Мултикултурниот центар во Вевчани.


