Општина Дебрца реализираше инфраструктурен зафат во селото Годивје, со кој е асфалтиран патот што води до селската црква „Св. Ѓорѓија“, како и повеќе улици во селото.
Како што информира градоначалникот Златко Сиљаноски, покрај пристапниот пат до црквата, целосно е асфалтирано и средсело, како и улицата што се протега од центарот на селото до месноста Горна Река.
Според Сиљаноски, со реализацијата на овој проект, по повеќедецениско чекање, жителите добиваат подобри услови за секојдневно функционирање и полесен пристап до верскиот објект.
„Вложувањето во патната мрежа во руралните средини е единствениот вистински начин да им ги обезбедиме на граѓаните основните услови кои ги заслужуваат и да го олесниме нивното секојдневно функционирање. Како локална самоуправа остануваме максимално посветени на рамномерниот развој на секое населено место, бидејќи Дебрца мора да оди напред преку реализација на реални проекти кои трајно ги решаваат проблемите на жителите“, истакна градоначалникот Сиљаноски.
Од Општина Дебрца посочуваат дека со ваквите инфраструктурни инвестиции продолжуваат активностите за подобрување на патната мрежа и условите за живот во сите населени места.


