ВИДЕО: Асфалтиран патот до црквата „Свети Наум“ во Орман

Заврши асфалтирањето на патот кој води до црквата „Свети Наум“ во охридското село Орман. Проектот, како што информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, се реализира по долгогодишно очекување на жителите и верниците кои ја посетуваат црквата.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, во рамки на Програмата за уредување на градежното земјиште.

Од локалната самоуправа посочуваат дека со проектот се подобрува пристапноста до црквата, а најавуваат продолжување со реализација на инфраструктурни проекти во насока на подобри услови за живот и рамномерен развој на населените места во општината.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани