Заврши осмото издание на Балкански поетски камп за деца и млади “ Ванчо Николески” .Со врачување на сертификатите за учество, шред родната куќа на писателот, денеска, во неговото родно село Црвена Вода, заврши традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за деца и млади “ Ванчо Николески” .Ја организира Здружението за литература и култура “МАЦКОВО” од Охрид, додека на овогодишното издание учествуваат млади поети и поетеси од Македонија, Србија, Бугарија и Албанија.
Учесниците ја разгледаа “Спомен собата” на Ванчо Николески, каде особено внимание им привлече оригиналното самарче, од култниот роман на Ванчо Николески “Волшебнотто самарче”, во кој авторот опишува реални случувања од времето на Втората светска војна и фашистичката окупација.
Претходно, учесниците ги прими и им посака плодно создавање, другарување и зближување, градоначалникот на општина Дебрца, Златко Сиљаноски.

Тој ги запозна со резултатите и целосниот пресврт во функционирањето на локалната самоуправа, реконструкцијата и ревитализацијата на бројните спмен обележја во регионот Дебрца, првата слободна територија во 1943 годимна.
Неговоите гости најповеќе ги израдува намерата, наскоро, после а спроведувањето потребните процедури, едно од училиштата во Дебрца, да го носи името на Ванчо Николески,
Во Црвена Вода, мештаните им приредија селска трпеза од традиционална храна, за што, со свој прилог дги почести и градоначалникот Сиљјаноски.
Учесниците на овогодишното издание, имаа и други бројни активности, а за цело време, за тајните на поетското создавање ги подучувеше поетот, професор д-р Христо Петрески.

Беа примени и запознати со дејноста на НУ – Библиотека “Григор Прличев”, една од најстарите и со најбогат книжевен фонд во Македонија и пошироко, каде, истовремено, псроследија предавање за животот и делото на “таткото на глобализацијата”, Михаило Пупин, што ќе го одржи најголемиот проучувач и познавач на овие простори, професор д-р Павле Митрески.
Имаа можност да ги разгледааат најзначајните споменици на македонската исрторија, култура и писменост во старото градски јадро, додека во КИЦ “А.ден Долард”проследаија предавање за најплодниот холандски автор, меѓу другото и на култниот роман “Свадба во Охрид”, воедно и еден од првите промотори на Охрид во светот, во минатиот век.
Синоќа, присуствуваа и на една од манифестациите од 38 издание на “Поетската ноќ” во Велество.
Манифестацијата се одржува со финансиска поддршка на општина Охрид и општина Дебрца.(Крај)
Веле Митаноски
