Секое прваче во Дебрца доби ранец со прибор и 10.000 денари поддршка

Секое прваче од ООУ „Дебрца“ на почетокот на новата учебна година доби училишен ранец со потребниот прибор, а Општина Дебрца обезбеди и еднократна финансиска поддршка од 10.000 денари за секое прваче.

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, по повод првиот училишен ден ги пречека првачињата и порача дека поддршката за најмладите и нивните семејства останува приоритет на локалната самоуправа.

Од Општината најавуваат и нови училишни униформи. Нивната изработка е во завршна фаза, по што секој ученик треба да добие свој комплет. Како што посочува градоначалникот, целта е да се создаде чувство на припадност и еднаквост меѓу учениците.

„Дебрца отсекогаш била расадник на таленти“, се наведува во пораката на Сиљаноски, кој на учениците им порача да бидат љубопитни, вредни и посветени на знаењето, а на локалната самоуправа гледа како на поддршка во нивниот пат кон успехот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани