Општина Дебрца е меѓу општините со најголем напредок во даночната транспарентност, а според најновиот извештај на Центарот за економски анализи, бележи подобрување од 25 отсто.
Според објавените податоци, Дебрца има резултат од 75 отсто и е рангирана меѓу 15-те општини со највисок степен на даночна отвореност. Во однос на буџетската транспарентност, општината освоила 15 од максимални 16 поени, со што е меѓу 29-те најтранспарентни општини во земјава.
Од Општина Дебрца посочуваат дека извештајот позитивно ја оценил и општинската веб-страница, како и достапните електронски услуги за граѓаните.
